nesanica16092019 696x470

Хроничната несоница во екстремни случаи може да предизвика депресија, предупредуваат стручњаците.

nesanica16092019 696x470

„Луѓето кои патат од несоница можат во текот на денот да се чувствуваат слабо, малодушно и беспомошно пред својот проблем кој ги чека навечер, а често стануваат повлечени и напнати“, вели доктор Улрих Волдерхолзер, специјалист за психосоматика и психотерапија, и нагласува дека се се ова ризични фактори за развој на депресија.

Стручњаците несоницата ја дефинираат како тешкотија кај заспивањето, спиењето или повторното заспивање после будење најмалку три ноќи неделно во најмалку еден месец.

Неволјата кај депресијата е што несоницата ја влошува депресијата и обратно кога-тогаш  хроничната несоница може да придонесе за појава на депресија ако веќе не е резултирана од неа.

Кај луѓето кои патат од некое пореметување или оние кои моментално се под силен стрес почести се потешкотиите за заспивање или честото будење ноќе и повторното заспивање.

nesanica 670x0 631x420

Проблемот се смета за хроничен ако трае со месеци или дури и години. Првиот лек е хигиена на спиење, што, пред се, значи одржување на редовен распоред на спиење. Важно е околината во која спиете да биде пријатна и релаксирачка.

Прочитајте и...  Високо ниво на загаденост на почвата во Македонија, отрови 16 пати повеќе од дозволеното, зелката и целерот најтоксични

„Овие совети се мошне делотворни ако истрајно се применуваат, најмалку недела или две“, вели Волдерхолзер и додава: „На повеќето луѓе ова им помага подобро да спијат.“ На оние на кои ова не им помага на располагање им се психотерапија и лекови.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за