Случувања

Хуманата Марина од Ниш во инвалидска количка собрала повеќе од 15 милиони динари за болни деца

Иако е сама и во инвалидска количка како последица на multiple склерозата, Марина Адамовиќ (56) од Ниш до сега собрала повеќе од 15 милиони динари парична помош за болни деца и сограѓани кои итно мораат да одат на лекување.


Марина започнала во 2012 година да се занимава со хуманитарна работа, кога и нејзините пријатели и обезбедиле електрична количка затоа што неможела повеќе да ја користи механичката поради нејзината болест. Скоро непрекинато од тогаш на улицата Обреновачка во центарот на Ниш собира прилози за лекување на болни деца и на снег, дожд и на пеколни жештини.
Државата пред две години ја препознала нејзината хуманитарна работа, па и доделила киоск кој го нарекле „Банка на добродетелство“ каде секојдневно собира парични прилози и ги уплаќа на сметката на болни луѓе во хуманитарната фондација која се води под името „Биди хуман“.

-Секој треба да биде од корист. Неможам веќе ништо да работам по дома откако се разболев, бидејќи неможам да работам со рацете, а мене ми значи многу да бидам од корист. Мене ме лечи ако можам да му помогнам некому, тоа е единствен лек кој ми помага. Јас си помагам и себеси кога им помагам на другите, вели Марина.

Прочитајте и...  Џесика Алба како принцеза во бисерен фустан

За неа не постои поголема среќа од таа кога ќе слушне дека некое дете се излекувало, но не секогаш вестите се среќни и убави..

-За мене најубава вест е кога ќе слушнам дека некое дете се излекувало, дека здравствената состојба му се подобрила. Најтешко пак ми паѓа кога ќе слушнам дека некој не успеал да ја победи болеста. Правам се што можам за да соберам што повеќе пари за болните деца. Приметувам дека повеќе даваат луѓето кои што немаат многу пари, но во последно време почнаа да доаѓаат луѓе кои очигледно имаат добра работа и ми даваат по 3-4 илјади динари за лекувањата на болни деца, и тоа три четири пати неделно. Луѓето почнаа да ми веруваат откако го задржав вниманието на медиумите и се сигурни дека парите ќе одат на вистинско место, па собирам околу 100 илјади на десетина дена, вели таа.

Само во претходните две години Марина собрала повеќе од 8 милиони динари, а од почетокот на нејзината хуманитарна работа таа сума надминува 15 милиони.

Прочитајте и...  „Македонско девојче“ ечеше во Свети Наум: Жељко Самарџиќ се расположи во Охрид

-Кога времето е лошо собирам помош по автобусите. Со кутијата сум на автобуска линија, а луѓето веќе се навикнаа да ме гледаат. Најтешко ми е преку зимата, бидејќи имам проблем да стигнам до Обреновачка улица каде е „Банката на добродетелството“. Некогаш е и невозможно да стигнам до автобуска постојка зошто тротоарите не се исчистени. Еве, вчера буквално возев по средината на улицата за да можам да стигнам до центарот. Кога неможам да излезам надвор да собирам помош, секогаш сум пред компјутерот каде на социјалните мрежи споделувам информаии за болните и ги повикувам луѓето да ми помогнат. Буквално спијам над тастатурата, вели Марина.

Марина оваа година се најде помеѓу кандидатит за најголемото градско признание- наградата „11 јануари“, но за жал не е избрана. Но нејзината хуманост е препозната од страна на градоначалникот на Ниш, Драган Сотировски, па добила благодарница за еден од најплеменитите граѓани во изминатата година.

Марина исто така е писател, а целиот приход од своите седум книги, поезија и проза кои досега ги напишала ги уплатува на сметка на хуманитарната организација.

Прочитајте и...  Серена Вилијамс на Met Gala 2019 во неонски гламурозен фустан и Nike патики

-Благодарение на Петар Ристиќ од Белград кој бесплатно ги печати моите книги, целосниот приход го уплаќам на сметката на хуманитарна организација, вели Марина. Таа исто така е и член на друштвото на книжевници и книжевни преведувачи од Ниш.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top