in

Хуманоста има убаво лице, а еве што им направиле маските: Вака изгледале кинеските лекари во екот на борбата со коронавирусот

Во Кина пројде врвот на епидемијата со коронавирусот, соопштиле кинеските службеници на почетокот на оваа недела. Се намалува и бројот на нови случаи на зараза, а не толку одамна, токму провинцијата Хубеј и нејзиниот главен град Вухан биле жариште на епидемијата.

Потсетуваме дека уште на почетокот на февруари оваа година, кога бројот на заболени во Кина секојдневно растел, лекарите и медицинските сестри биле тие кои се нашле во првите борбени редови против COVID-19. 

Тогаш на социјалните мрежи почнале да кружат нивните фотографии, а на лицата им се гледал умор поради големиот обем на работа.

Многумина биле исцрпени и одвај стоеле на нозе. Спиеле во паузите меѓу смени и тоа на столчињата и подовите од болничките ходници.

Со оглед на тоа дека морале да носат заштитни одела и маски притиснати за телото за да се намали можноста за зараза, имале рани од маските за лице, кои биле цврсто стегнати во текот на целиот ден.

Прочитајте и...  Се држат за рака и се збогуваат: Снимка од баба и дедо, заболени од корона вирусот, го растажи целиот свет

Заштитната опрема морале да ја носат и по 12 часа дневно. Откако ја соблекувале, имале грабнатини, модринки и подливи на лицето.

Многумина тогаш на социјалните мрежи коментирале дека лекарите се херои секој ден, бидејќи се борат да ја зачуваат Кина и остатокот од светот од вирусот.

Извор: tocka.com.mk

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote