Македонија

И министерот за здравство Венко Филипче е во изолација

Министерот Венко Филипче бил на состанок со кумановскиот градоначaлник Максим Димитриевски, кој денеска соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и дека е во изолација. Венко Филипче на неговиот профил соопшти дека од денес и тој е во изолација:

„Почитувани граѓани,
По информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствував и јас, е позитивен на Ковид-19, од денеска ќе бидам во домашна изолација. На состанокот ги почитував сите протоколи за заштита и носев заштитна опрема исто како и останатите присутни.

Ги очекувам епидемиолозите од Институтот за јавно здравје кои освен со мене, ќе направат епидемиолошки анкети и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување останувам во изолација.

Ние го имавме предвид и се подготвуваме и за ова сценарио. Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а јас и од изолација останувам во редовна комуникација со комисијата за заразни болести и сите останати инволвирани во овој процес и продолжувам да ги координирам сите процеси во справување со кризата.

Прочитајте и...  На денешен ден: Роден е Круме Кепески

Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а прес-конференциите ќе ги правиме преку достапните онлајн платформи за оваа намена. Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во однос на информирањето“, стои во објавата на Фејсбук профилот на министерот Венко Филипче.

Најпопуларно


To Top