Кујна

Идеја за десерт: Чоколадни колачиња со ореви

Вкусен десерт готов за 30 минути.

Потребни состојки:

200 гр. путер (омекнат на собна температура)
Половина шолја шеќер во прав
1 ¼ шолја брашно
¼ шолја какао
Половина шолја корнфлекс

За прелив:

Ќесичка пудинг од чоколада
15 гр. путер
Две лажици топла вода
Малку ореви

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете го тавчето со хартија за печење.

Во поголем сад изматете путер, шеќер и екстракт од ванила за да добиете соединета смеса. Потоа додајте какао, брашно, корфлекс и измешајте.

Од смесата обликувајте топчиња, а откако ќе ги ставите колачињата во тавчето притиснете ги со лажица и направете вдлабнатина на средината. Печете ги околу 15-20 минути а потоа подгответе го преливот.

Во сад измешајте го правот од пудинг со путер и лажица врела вода, па измешајте. По потреба додајте уште вода додека смесата да стане густа. На секое колаче ставете малку фил, а одозгора ставете орев.

Прочитајте и...  Вкусна посна торта без масло

извор: kajgana.com

Најпопуларно

To Top