Идентификувани 8 мистериозни сигнали од вселената

mesec snimljen aps 671315071

Астрономи од Универзитетот Мекгил во Монтреал, Канада, тврдат дека идентификувале осум радиосигнали кои се со повторлив интервал, пишува „Сајенс алерт“. Изворот на сигналите, кои се нарекуваат и „брзи радиоимпулси“, не е познат, но научниците претпоставуваат дека станува збор за сосема природна појава.

Два извора ги испратиле сигналите ФРБ-180916 и ФРБ-181119, првиот 10 пати и вториот – трипати. Притоа, најдолгата пауза меѓу забележаните радиобранови била 20 часа. Според експертите, ова може да укажува на повторување.

Освен тоа, ФРБ-180916 има пониски показатели на распространување на сигналот, што значи дека неговиот извор е релативно поблиску до Земјата. Брзите радиоимпулси траат неколку милисекунди и се поврзуваат со ослободување огромно количество енергија во вселената, како што е изумирање на една ѕвезда.

Изворот на ФРБ-121102, на пример, за којшто се сметаше дека е неутронска ѕвезда во згаснување, испраќаше сигнали во 2012 година и меѓу 2015 и 2017 година.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.