Животни приказни

Има надеж за вечните студенти: Дипломирал по 49 години од запишувањето на факултет

Луѓето кои студираат повеќе од што треба стануваат „вечни студенти“. Тие студираат по 10 или 20 години, а за тоа имаат различни причини, меѓутоа постојат и такви кои дипломирале и по 50 години. Таков пример е господинот Имен Лари Џонсон.

Selfie Larryja Johnsona 743x540 743x540

Селфито на Лари Џонсон од доделување на дипломите на Универзитет во Грузија се прошири по социјалите мрежи низ целиот свет. Самото доделување нема да беше интересно, без сега веќе дедо кој факултетот го заврши по 49 години.

„Цел ми е да го завршам факултетот пред да наполнам 100 години.“, напиша во описот на фотографијата.

Лари својот академски пат го започнал во далечната 1969 година. Во текот на 50 години променил неколку студии, одел на предавања низ три декади и земал пауза од студирањето мислејќи дека никогаш повеќе нема да се врати во студентските клупи.

Прочитајте и...  Николовски: Студентските домови најверојатно ќе се отворат во септември

Бидејќи Универзитетот во Грузија нуди бесплатно студирање за луѓе повозрасни од 62 години, Лари одлучил да ја искористи таа прилика. Сега кога завршил додипломски студии по новинарство, вели дека планира да запише и мастер студии по односи со јавноста.

Најпопуларно


To Top