Рап и трап културата во Македонија а впрочем и во светот е во подем. Денес, новите генерации имаат поголема достапност до „маалски“ студија па креирањето музика е тренд на секој тинејџер. Колку се обучени за тоа, едуцирани и колку квалитет излегува од такви кадри не коментираме, тоа е сосем друг муабет.

incognita hush green

Сепак, тука сме да пријавиме и квалитет, има и нови артисти што носат свежина, и го имаат IT факторот. Нам ни фати око еден многу необичен артист што настапува под псевдоним и е на пик на интернационална кариера. Се работи за млада девојка со потекло од Македонија која што живее во Соединетите Американски Држави. Вистинското име не и го знаеме, но артистичкото и е Incognita.

Очигледно е дека соработува интернационално, затоа што не се лимитира само на Амерички студија, иако првата песна и е комплетирана од македонски тим. Првата песна се вика HUSH 🤫  и е навистина мелодична, со интересен и необичен ритам и уште поневообичаен текст што ги слави жените hustler-и.

Прочитајте и...  Британски „Телеграф“: Александар Велики не бил Грк, туку Македонец!

Интересно е за тамошната рап и трап култура да се има на сцената бела Европејка, со интересен акцент и добар flow, што сепак изведува под псевдоним и под маски.

Има свое мини студио и соработува со студија и артисти од Америка но не е исклучена можноста да има соработки и со Балкански изведувачи. Периодов следат три нови песни со три различни Амерички артисти и продукции на кои што ќе се работи. Во месеците кога ја посетува Македонија, можеби ќе имаме прилика да го видиме овој маскиран изведувач на сцена што сепак нема да си го открие лицето.

Ова е првата Македонка што има направено ваков подвиг, во правилно време, на правилно место и правилен начин се што останува ние да направиме е да дадеме максимална поддршка.

Instagram:
https://www.instagram.com/______incognita______/

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за