Индонезиец се ожени со неговите две девојки истовремено за ниту една да не биде повредена

Полигамијата можеби ни звучи смешно на повеќето од нас, но во некои религии има неколку закони кои дозволуваат еден маж да има повеќе жени. Полигамијата е многу вообичаена практика за луѓе како што се муслиманите, балинејците и Папуанците. Но, еден маж може да има повеќе од еден брак само ако првата сопруга му го дозволи тоа. Иако нивната света книга – Куран им дозволува да имаат до четири сопруги, тоа што овој Индонезиец го направи за да се ожени со неговите две девојки е нешто необично.

Индонезиец во ист ден се ожени со двете негови девојки затоа што не сакал ниту една од нив да биде повредена. „Моето срце не можеше да издржи да ги гледа тажни, па затоа решив да се оженам за двете истовремено.“ – рече тој. Свадбата се одржала во округот Кендаванган во Западен Калимантан.

Видео од нивната свадба кое било споделено на Фејсбук за кратко време стана вирален хит.

Gepostet von Ani Purwani am Freitag, 16. August 2019

Некои извори откриле дека тој платил 10.000 рупии како мираз за една од невестите, но не е сигурно дали истото го направил и за другата. Во Индонезија давањето мираз на семејстово на невестата е вообичаена практика за да бидат сигурни дека сопругот ќе може добро да се грижи за својата жена.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.