Текстови и колумни

Инспиративен текст: “Ти заслужуваш…”

Ти заслужуваш љубовен партнер кој е свесен што има до него. Некој кој може да го види сонцето во твојата насмевка и ѕвездите во твоите очи. Ти заслужуваш партнер кој знае колку многу вредиш.

Ти заслужуваш партнер кој прави да чувствуваш дека си вистинската.

Партнер кој нема никогаш да дозволи да се чувствуваш несигурно. Ти заслужуваш некој што секој ден ќе те потсетува дека ти си сѐ што треба да бидеш, дека си доволна.

Ти заслужуваш партнер кој нема да те напушти во тешките периоди туку ќе те чува што поблиску до него. Ти заслужуваш партнер кој ќе те сака до бескрај и во најтемните мигови, некој кој ќе ја чува твојата рака без разлика на сѐ .

Ти заслужуваш партнер кој наместо да се исплаши од ѕидот кој си го изградила околу твоето срце, ќе го сруши и ќе ти покаже како изгледа вистинската љубов. Ти заслужуваш партнер кој ќе се бори за твојата љубов.

Прочитајте и...  Прозорците дуваат скапо е да реновираш, ама зимава бевме на скијање во Банско...

Ти заслужуваш толку вистинска љубов што дури и ангелите во рајот ќе пеат. Заслужуваш толку брилијантна унија што сонцето и месечината ќе сјаат сѐ повеќе и повеќе кога вие двајца ќе бидете заедно.

Ти заслужуваш партнер на кој секогаш можеш да сметаш, некој кој секогаш ќе најде време за тебе, некој кој никогаш нема да биде премногу зафатен за да те види. Ти заслужуваш љубов која прави да се чувствуваш како дома, партнер кој ќе направи да се чувствуваш сигурна и никогаш нема да те остави надвор на ладното.

Ти заслужуваш партнер поради кој секогаш ќе се чувствуваш посакувана, кој не се срами да ти каже колку си убава. Партнер кој ќе го бакнува секој милиметар на твоето тело, дури и оние делови кои за тебе не се убави.

Ти заслужуваш партнер кој ќе гледа во тебе како да си магична.

Ти си создадена од ѕвездена прашина, чудо и љубов. Сѐ она од кое е создаден универзумот.

Прочитајте и...  Каков беше животот пред социјалните мрежи

Партнер кој ќе ти даде онолку колку што му даваш ти.

Ти заслужуваш партнер кој секогаш на прво место ќе ја става вашата љубов.

Некој кој никогаш нема да се откаже од тебе, некој кој верува во тебе. Ти заслужуваш некој кој никогаш нема да гледа на тебе како пречка, некој кој ја препознава твојата вредност. И најважно, ти заслужуваш партнер кој ќе те сака безусловно.

Автор: К.М.

Доколку сакате да објавиме ваш текст или колумна, пратете ни на нашиот мејл: [email protected]

Најпопуларно


To Top