Инстаграм-ѕвездата Софи Греј четири години на нејзиниот профил објавуваше селфиња во спортски градници, снимки од брзи тренинзи и рецепти. На социјалните мрежи тоа се најбараните содржини. Потоа, преку ноќ загуби 70.000 следбеници.

– Бев девојка што споделуваше селфиња во бикини и ви велев дека морате да вежбате! Споделував снимки од тешките тренинзи и ве охрабрував да се придружите. Глумејќи ја таа девојка, собрав 420.000 луѓе. Добивав илјадници очајнички пораки од жени кои се нарекуваа мрзливи, бескорисни, одвратни само затоа што не се вклопиле во таа фитнес-рутина или план за исхрана. Поради тие пораки, решив да престанам да бидам таа девојка – истакнува некогашната инстаграм-ѕвезда.

Поради одлуката да се промени, таа изгубила 70.000 следбеници. Особено е интересна една објава на „новата“ Софи.

– Дали некогаш се извинувате само затоа што постоите? Додека денес се подготвував за работа, одлучив да не се шминкам, да ја одморам кожата. Додека одев кон работното место, си го видов лицето во ретровизорот. Мозокот ми го преплавија нешта кои ќе ми ги кажат моите колеги кога ќе ме видат. Започнав да смислувам извинување и објаснување зошто сум дошла ненашминкана. Потоа пукнав. Завршив со извинувањето затоа што се прикажувам таква каква што сум. Готово е со извинувањето затоа што не се појавувам онака како што очекуваат од мене да се појавам. Завршив со извинувањето за несовршеностите кои се совршено нормални. Завршив со идејата како треба и како не треба да се прикажуваме пред другите – напиша Софи и додаде дека нејзината објава не е повик да ѝ продаваат средства за нега на кожата.

Прочитајте и...  Бремена невеста почина на пат кон венчавката: По трагедијата, се случи Божјо чудо

Кога вие последен пат сте отишле на работа без шминка, со лице полно со акни? Па дури и ако сте го направиле тоа, дали сте помислиле дека некој ве гледа чудно? Кога ќе успеете навистина да дојдете до фазата „не ги забележувам“, дури тогаш полека нештата ќе почнат да се менуваат за сите нас.

Прочитајте и...  „Одев по улица и плачев, скршена бев од болка“: Емотивна приказна на жена која го изгубила своето прво бебе
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за