Инстаграм има нова опција за „стори“

instagram

Андроид и iOS корисниците на апликацијата „Инстаграм“ отсега имаат можност да користат нова опција „Quiz“ во склоп на „Инстаграм стори“ опцијата.

„Quiz“ е можност за поставувае прашања и однапред дефинирање одговор, од кој гласачот бира еден. На крајот е можно да се видат резултатите на квизот, а најдолго до 24 часа, колку што траае Инстаграм стори објавата.

Како „Инстаграм квиз“ опцијата се користи и како изгледа погледнете во официјалната објава на „Инстаграм“ на мрежата „Твитер“.

Претходно, минатата недела се појави шпекулацијата дека „Инстаграм“ тестира промени кои ја вклучуваат и можноста самата централа да ги скрие „лајковите“ од вашата публика.

Прочитајте и...  Роботите ќе заменат 20 милиони работници во фабриките до 2030 година
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.