Инстаграм воведува посебни ознаки за лажни вести, еве како тие ќе бидат означени (ФОТО)

Фејсбук со овој потег сака луѓето да можат подобро да одлучат за себе во што ќе веруваат, што да читаат и да споделуваат.

instagram2 815x458

Корисниците на Инстаграм наскоро ќе почнат да добиваат предупредување во врска со лажните содржини на нивниот профил на оваа социјална мрежа.

Фејсбук, во чија сопственост се наоѓа Инстаграм, објави дека во текот на следниот месец ќе додаде функција на двете социјални мрежи која крајно видливо ќе ја обележи неточната или лажна содржина.

Овие ознаки ќе бидат прикажани на врвот од фотографиите и видеата, вклучувајќи ја и содржината на „стори“, кои се означени како лажни или делумно лажни.
За проверка ќе бидат задолжени Фејсбук партнерите кои со предупредување ќе вклучат и линк за нивната оценка на содржината.

Фејсбук со овој потег сака луѓето да можат подобро да одлучат за себе во што ќе веруваат, што да читаат и да споделуваат.

Исто така, корисниците ќе добиваат и посебно предупредување ако почнат да споделуваат некоја невистинитост на Инстаграм.

Прочитајте и...  Вртоглави цени: Еве колку заработуваат инфлуенсерите на социјалните мрежи
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде