14 интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за Македонија

1.Се верува дека во црквите „Св. Богородица Пречиста“ во Кичево, „Св. Јован Богорски“ и „Св. Горгија Победоносец“ во Дебар се чуваат делови од крстот на кој бил распнат Исус.

2.Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот. Во него постоело книжовно училиште – “Лесновски скрипторум” и тоа уште од половината на XI век, но и калиграфско (препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собрани од најстарите времиња и најдалечните краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.

3.Македонија е една од земјите кои има најмногу планински врвови. Врвови на дури 34 планини се наоѓаат во Македонија, а ниту еден не е понизок од 2.000 метри надморска висина. Највисока планина е Кораб чиј врв достигнува 2.753 метри.

4.Скопје преживеа неколку големи потреси. Најголемите се случија во 518 и 1963 година кога е уништен речиси целиот град, а во 18. век австро-унгарски генерал наредил градот да се запали. Пожарот траел два дена,  а неуништени остнале само градбите од камен, како тврдината Кале.

6.Вардар тече низ речиси 90 отсто од територијата на Македонија, а минува низ скоро сите поголеми градови во земјава. Најголемата река во Македонија се споменува дури и во „Илијадата“ на Хомер.

Прочитајте и...  Истражување: Светот најтажен, најгневен и најуплашен од кога било досега

7.Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

8.Дали сте знаеле дека многу скапоцени камење што можете да ги видите во светските каталози, се прокриумчарени од Прилепско.Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа.

9.Македонски рудник “Aлшар” на планината Кожуф е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија.Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежата за заштите на природните реткости.

10.Пештерата Пешна во Македонски Брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во господарот на прстените.

11.Најстарото дрво во Македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот, расте од времето на Св.Климент Охридски 9 век.

Прочитајте и...  Возило излета во Охридското Езеро

12. 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години.

13.Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора. Во последен момент купил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод, со господа, кој не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеаните. Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.

14.Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма на 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.