Иако секоја жена е приказна за себе, некои научници се позанимавале со истражување на понежниот пол и дошле до одредени несекојдневни сознанија.

Дали дамите се комплицирани или не, проценете по читањето на овие факти:
– Кога е во прашање контрацепцијата, повеќе од 50 % жените се изјасниле дека сакаат нивните мажи да пијат контрацептивни пилули, ако такво нешто некогаш се измисли.
– Жените се поотпорни на болка и живеат подолго од мажите, иако мажите се физички посилни.
– Секоја дама има помеѓу 2 и 15 темни влакна околу брадавиците.
– Повеќе од два милиони жени имаат вградени силиконски импланти во градите, а просечна возраст на која се решаваат на ваков чекор е 34 години.
– Сигурно сте слушнале кога на некој трудница ќе и кажат дека сјае. Долго време се мислело дека тоа е заради тоа што е среќна, но подоцна докажано дека тоа е заради фактот што на трудниците крвта побрзо им тече низ вените, а циркулацијата прави кожата вистински да сјае.
– Кога станува збор за плаќање на сметките, 33 % од жените сметаат дека тоа е обврска на мажот, а 38 % сакаат сметките да ги плаќаат наизменично.
– Едно истражување покажало дека повеќето девојки би сакале да направат коренити промени кај своите мажи.
– ПМС – от е најчест виновник за мрзата и нервозата. Но, врз расположението на жените влијае секој ден од циклусот. Бидејќи нивото на хормони постојано се менува, така е менува и нивниот изглед, енергија и чувствителност.
– Кога жената ќе доживее оргазам, мозокот за дел од секунда престанува да работи, како кога гасите компјутер. Делот од мозокот кој е поврзан со чувството на страв и потиштеност во тој момент е неактивен, тврди група холандски невролози.
– Жените – купохоличарки имаат помалку бори и се чувствуваат помлади од оние кои не купуваат често.
– Жените во просек поминуваат околу 48 часа и 51 минута годишно , пред излозите.
– Резултатите од едно истражување покажале дека паметните жени потешко доживуваат оргазам. Објаснување: тие постојано размислуваат и никогаш не се опуштаат до крај.
– Жените пијат помала количина алкохол од мажите, но многу почесто заболуваат од болести, кои се резултат на консумирање алкохол.