Психологија

Ирационални мисли и стравови кои ви создаваат најмногу емоционални проблеми

Најчесто самите со своите мисли и претпоставки успеваме да се вознемириме себе до степен што си создаваме тешки фрустрации. Треба само да ги детектираме кои се тие мисли.

social emotional development problems in adolescence

Човечкиот живот е преполн со ирационални мисли и претпоставки, но и многу стравови, дека ниту една наша постапка нема да биде вреднувана доволно и дека ќе ги разочараме блиските околу нас.

Ова се 12-те главни вакви мисли кои заедно со нивните варијации, може да ве доведат до непријатни емоционални проблеми:

1. Ако сакаме да се чувствуваме вредно, важно ни е мислењето на оние кои ни се блиски.

2. Ако не сме исклучителни во тоа што го правиме, тогаш вредиме помалку од другите.

3. Луѓето кои се злобни треба да бидат казнети за нивните дела.

4. Неподносливо е и ужасно кога нештата не одат на начин како што би сакале.

5. Човечките несреќи се предизвикани од надворешни околности и според тоа, малку е тоа што можеме да го направиме за да влијаеме врз одредени исходи.

D6B49406 3E1B 4DA4 9AB9 298A1E337D1C
depressed woman sitting head in hands in the dark bedroom

6. Ако нешто е или може да стане опасно и застрашувачко, мора постојано да се плашиме од тоа.

Прочитајте и...  ИСТРАЖУВАЊЕ: Од овие 10 здравствени проблеми луѓето се срамат

7. Полесно е да се избегнат некои животни одговорности, наместо да се соочиме со нив.

8. Разумно е и здраво да зависиме од посилните и да се надеваме дека секогаш може да се потпреме на нив.

9. Нашето минато го одредува однесувањето во сегашноста – нешто што влијаело некогаш врз нас, ќе влијае засекогаш.

10. Потребно е да се вознемируваме и од туѓите судбини за да покажеме човечност.

11. Секогаш постои решение кое самото ќе дојде и не треба да правиме ништо, додека тоа да се појави.

12. Не треба да ги преиспитуваме убедувањата на оние кои се фактор и авторитет во општеството.


Најпопуларно


To Top