Случувања

Ирина се исели, таа се всели: Лејди Гага и Бредли Купер планираат раскошна венчавка

Не престануваат приказните за љубовната афера меѓу Лејди Гага и Бредли Купер.

hbz bradley cooper lady gaga irina shayk index 1551201206

Пред некое време во медиумите се појавија вести дека Ирина Шајк и Бредли Купер ја раскинале свршувачката, а Ирина се иселила од заедничкиот дом во Њујорк.

Како причина за нивно раскинување се наведува дека е Лејди Гага која наводно има нешто со Купер.

Во медиумите деновиве се шпекулира дека наводно Лејди Гага почнала да се вселува во домот на Купер во Њујорк кој вреди 13,5 милиони долари.

-Сега кога заврши врската на Ирина, Гага нема да дозволи Купер да и избега. Дури внесе дел од нејзините работи од нејзиниот дом, изјави извор близок на парот за магазинот „In touch“.

Изворот тврди дека Гага купила и многу фустани, обувки и долна облека.

Како што тврди изворот Гага донела и свој мебел и почнала да го уредува домот по свој вкус.

Исто така се шпекулира дека парот планира и венчавка која ќе биде голема и раскошна.

Прочитајте и...  1000 години, Бигорски манастир го одбележува патронот
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top