„Исцелител“ освои две награди на фестивал за заштита на природата во Црна Гора

Филмот на Ѓорче Ставревски, „Исцелител“ освои две нови награди на фестивалот „Green Montenegro International Film Fest“ во Црна Гора, посветен на заштитата на природата.

blagoj veselinov iscelitel 960x640

„Исцелител“ доби награда за најдобар филм во селекцијата „Екологија на душата“ и специјална награда за главниот актер Благој Веселинов.

Фестивалот се одржува на Црно езеро во Националниот парк Дурмитор, под отворено небо. „Исцелител“ беше во друштво на филмови како како „Жени во војна“ и „Солта на земјата“. Фестивалот во Црна Гора траеше четири дена.

Инаку, „Исцелител“ досега беше прикажан на бројни филмски фестивали низ целиот свет, а доби позитивни рецензии од повеќе светски, балкански и македонски медиуми.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.