Забава

Исфрлете ги од вашиот дом што поскоро: Работи за кои сигурно не сте знаеле дека имаат рок на траење!

Во спалната соба, тоалетот или плакарот, секаде ни се наоѓаат работи чиј рок на траење е ограничен.

Секако дека редовно го проверуваме рокот на траење на прехранбените производи или на козметичките производи. Меѓутоа много помалку внимание посветуваме на секојдневните работи, односно на оние кои ги користиме многу често и секојдневно. Ќе се исненадите што се спаѓа меѓу нив.

Во спалната соба:

Перница

Освен што после некое време во перниците се собираат безброј бактерии, тие ја губат и својата оригинална форма и предизвикуваат болки во вратот. Стручњаците препорачуваат старите перници да се заменат со нови на секои 2-3 години.

Влечки

Влечките се совршена база за габични инфекции. Поради тоа треба да ги перете што е можно почесто, а после шест месечно користење да набавите нови.

Во тоалетот:

Пешкири

На влажните пешкири се собираат бактерии кои не можат да се уништат ни со редовно перење. Заради тоа се препорачува да набавите нови пешкири на секои една до три години.

Прочитајте и...  Трагично го загуби синот, па ја откажа свадбата: Денес најзгодната баба се омажи за „Господинот Совршен“ на прославата промени 3 венчаници

Четка за заби

Четките за заби не треба да ги менувате само кога ќе им се истрошат влакната, туку и после прележана настинка или грип. Вообичаено важи правилито да ја менувате четката на секои три месеци.

Четка за коса

Четката за коса треба да се чисти темелно најмалку еднаш неделно. После година дена користење време е за нова. Ако четката има природи влакна тогаш треба да се менува на секои седум до десет месеци.

Парфеми и тоалетни води

Парфемите и тоалетните води кои содржат етерични масла можат да траат и до три години, ако ги чувате затворени. Ако се отворени траат најмногу до две години. Тоалетната вода ако е веќе отворена можете да ја користите две години, а ако е затворена може да стои и до четири години.

Во плакарот:

Градник

Кога градникот ќе го изгуби својот облик или еластичност, односно не ви е повеќе удобен, треба да се разделите од него. Тоа обично се случува после година или две.

Прочитајте и...  За да добијат диплома, студентите на Филипини мора да засадат 10 дрвца

Патики за трчање

После седумсто до осумсто истрчани (или изодени) километри вашите патики ја завршиле својата улога. Кај повеќето модели тогаш е веќе излизан ѓонот, не се повеќе цврсти и поголема е можноста да го повредите вашето стапало.

Најпопуларно


To Top