Дом и Градина

Искористете ги старите чевли во градината

Сигурни сме дека имате преку 10 пара чевли кои веќе никогаш нема да ги носите, но сепак не сакате да ги фрлите. За сите оние кои се сентиментално врзани за своите високи потпетици, патики или летни сандали, ви откриваме една поразлична намена на чевлите.

Можеби не верувавте дека може да изгледаат толку интересно во дворот, но навистина може да вршат одлична работа како саксии за цвеќе кои нема потреба да ги декорирате.

Сами по себе цветчињата во чевли изгледаат креативно, а се едноставни за правење.

Потребен ви е еден пар чевли, неколку шајки, земја и цвеќе кое сакате да го посадите. Пред да ги наполните чевлите со земја, задолжително извадете ги сите внатрешни влошки и меки материјали кои има шанса да се распаднат во допир со влага.

Потоа направете неколку дупчиња на ѓонот, за цвеќето да ја има потребната циркулација на воздух и вода. Ви останува само да го засадите цвеќето и да ги распоредите чевлите-саксии.

Прочитајте и...  Не ги фрлајте: Овие намирници немаат рок на траење

Еве како вашиот двор би изгледал по оваа креативна задача.

Најпопуларно


To Top