Здравје

Истегнувајте го овој мускул секој ден за да ги избегнете болките во грбот

Секоја активност, без разлика дали е работа, спорт или активност од секојдневниот живот, може да предизвика болки во лумбалниот дел на грбот, доколку се направи нагло, неправилно или се изведува долго време.

Лумбалниот мускул (guadratus lumbordum) е еден од најголемите причинители на болка во грбот. Затоа е многу важно не само да се движите, туку и правилно да правите вежби за истегнување на крајот од денот.

Болката најчесто се поврзува со следниве активности:

  • Неправилно кревање тежина, при што торзото се свива и ротира
  • Нагло движење, свивање или ротирање и истегнување на торзото
  • Долготрајно седење
  • Долготрајно возење во автомобил
  • Долготрајно пешачење
  • Долготрајно стоење
  • Лоша положба за време на спиење
  • Повреди на мускулно-скелетниот систем во лумбалниот предел (сообраќајни незгоди, повреди за време на спортски активности…)
Quadratus lumborum - Schmerzen im unteren Rücken

Со избирање на правилни вежби за истегнување на стомачните мускули и лумбалниот мускул, карлицата ќе се доведе во правилна позиција. Исто така, со овие вежби, волуменот на овој мускул ќе се зголеми.

Прочитајте и...  Веќе 6 години го носи својот неподвижен другар на грб, а неразделни се уште од првиот ден

Слично, на овој начин се решава и лордозата – држење на телото кое можеме да го препознаеме по силно нагласената лумбална кривина на половината нанапред и отпуштените стомачни мускули.

Најпопуларно


To Top