in

Истражете го Палау – рајски остров во Микронезија

Во западниот дел на Тихи Океан се сместени острови вредни за истражување.

Тиркизно море, плитки лагуни и плажи од ситен бел песок. Тропска вегетација, море во кое не живеат опасни животни, стотина ненаселени острови, ретки врсти корали, егзотични риби, китови и делфини, бројни видови птици, пријателски наклонети мештани…

Не сонувате, вакво место навистина постои.

Во Микронезискиот појас, во западен Пацифик, во близина на Нова Гвинеја и Филипините, се наоѓа Република Палау или Белау. Републиката се состои од архипелаг од стотина острови, од кои само осум се населени. Јужниот дел на архипелагот е составен од корални строви, додека островите на север се вулкански.

Островите се населени илјадници години. Ги отркиле Португалците во 1543 година. До 1899 биле под шпанска власт, се додека тие не и ги продале на Германија.

До Првата светска војна и окупацијата од Јапонија во 1924 година, биле подрачје на Лигата на народите. Во сопственост на Јапонија останале до 1944 година. Од 1947 биле во состав на САД. Добија внатрешна самоуправа во 1981 година, а независност во 1994 година.

Населението главно се занимава со одгледување кокосови палми, банани, ананас и касава, а значителни приходи даваат и извозот на фосфат, боксит и туризмот. На многу листи Палау го зазема првото место кога станува збор за нуркање.

Прочитајте и...  Номадски живот: Кои се првите сопственици на подвижни куќи?

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote