Психологија

Карактеристики на интелигентните луѓе според истражувањата

Во 2016 година, луѓето на Квора одговориле на прашањето: “Кои се заедничките карактеристики на високоинтелигентните луѓе?” Некои луѓе тврделе дека знаат од лично искуство, додека други одговориле со претпоставка. Многу од испитаниците дале точен одговор со кој се согласува и науката. Подолу прочитајте некои од нив.

Тие се многу прилагодливи.

Можеби не е изненадувачко, но интелигентните луѓе се многу прилагодливи. Всушност, неколку корисници на Квора истакнаа дека тие луѓе не се само флексибилни, туку можат да напредуваат во различни работи. Според Дона Ф. Хамет, интелигентните луѓе се адаптираат покажувајќи што може да се направи безразлика на рестрикциите што им се поставени. Дури и психолошкото истражување се согласува со ова.

Тие знаат што не знаат.

Интелигентните луѓе признаваат кога не знаат нешто. Како што вели Џим Винер, паметните луѓе не се плашат да кажат дека не знаат, ако не знаат тогаш можат да научат.
Оваа теорија е поддржана од истражување направено од страна на Џастин Кругер и Дејвид Данинг.

Прочитајте и...  Нејзината објава масовно се шири по интернетот: Метода која ќе ви помогне да ја олесните болката од губење на сакани личности

Тие се многу љубопитни.

Кога станува збор за интелигентна личност, љубопитноста е клучот. Како што рече Ајнштајн, „Немам никаков посебен талент, само сум љубопитен.“ Едно истражување покажало дека постои врска помеѓу детската интелигенција и отвореноста кон нови искуства како возрасен.

Тие размислуваат отворено.

Интелигентните луѓе се прилично отворени исто така за се. Од нови идеи или можности, тие ретко, па дури и никогаш не се затвораат.
Според Квора, интелигентните луѓе се спремни да ги прифатат и разгледаат туѓите ставови. Тие се отворени и за алтернативни решенија. Според психолозите, отворените луѓе имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција. Но, понекогаш интелигентните луѓе внимаваат во чии мислења и идеи веруваат.

Се сакаат себе си.

Интелигентните луѓе се многу индивидуални. Истражувањето покажало дека попаметните луѓе, всушност имаат тенденција да извлекуваат помалку задоволство од тоа да се биде социјален отколку другите луѓе.

Имаат самоконтрола.

Во една студија во 2009 година, учесниците требало да изберат помеѓу две финансиски награди: помалку пари одма или повеќе пари понатаму. Резултатите покажале дека оние учесници кои избрале да добијат повеќе пари, но не веднаш, односно оние кои имале поголема самоконтрола имале и подобри резултати на тестот за интелигенција.

Најпопуларно


To Top