Занимливости

Истражување од Харвард ја откри тајната на среќниот и исполнет живот

Долгорочно истражување од Харвард вели дека едно од најважните претскажувања дали ќе имате среќен, исполнет и долг живот, не е сумата на пари која ќе ја заработите или колку сте познати во вашата струка.

Најважниот барометар за долгорочен, здрав и среќен живот се силните односи со семејството, пријателите и брачниот другар.

Овој истражувачки проект започнал во далечната 1938 година и трае до денес, следејќи го животот на повеќе од 700 мажи и во некои случаи, нивните брачни партнери и децата. Истраувањето на некој начин открива изненадувачки причини за тоа дали луѓето стареат среќно и здраво или бегаат во осаменост, болест и ментално бегање.

Моменталниот лидер на истражувањето, Роберт Валдингер, професор по психијатрија ги покажува заклучоците на новиот долгорочен проект.

„Овие откритија објавени во академските списанија кои повеќето луѓе нне ги читаат, а научниците би сакале истражувањето да се прочита и луѓето да знаат за ова истражување направено во период од 75 години“, вели Д-р Валдингер. Истражувањето започнало во Бостон, во две различни групи, тогаш млади луѓе.

Прочитајте и...  Кој е симболот на вашиот живот? Месецот на раѓање го открива одговорот

Еден дел од истражувањето следел 268 студенти од Харвард за да  утврди кои фактори имале пресудна улога во нивното растење и успех. Често со кандидатите се разговарало и им се проверувало нивното здравје. Во последните години биле направени и скенирања на мозокот, тестирања на крвта и се разговарало со нивните жени и деца.

Истовремено, Шелдон Глуек, професорот по право на Универзитетот Хаврард, започнал истражување за младите луѓе од некои од најсиромашните населби во Бостон, вклучувајќи 456 луѓе кои не станале деликвенти иако потекнувале од проблематични семејства. 

Во текот на истражувањето, овие две групи на луѓе поминувале низ животот на различни начини. Тие станале доктори, адвокати, деловни луѓе, а еден од нив станал и претседател на Америка – Џон Кенеди. Некои од нив тргнале по различен пат, па станале алкохоличари, имале разочарувачки кариери или биле ментално болни. Оние кои денес се живи имаат околу 90 години. 

Низ годините, истражувањата откриле значајни резултати. Така на пример, се покажало дека за физички да остарите добро, најважно е да не пушете. Исто така, либералите долго време живееле активно и имале подолг сексуален живот отколку конзервативците. Алкохолот била главната причина за развод и насилството поради алкохолизмот во семејството е главна причина за депресија, а не обратно.

Прочитајте и...  Жена поглавар од Малави раскинала над 1500 бракови со малолетни девојчиња и ги вратила назад во училиште

Истражувањето отишло во неколку насоки. Д-р Валдингер кој го презел истражувањето во 2003 година бил четврт лидер. Истражувањето не се фокусирало само на мажите, туку и на нивните жени и деца. Паровите понекогаш биле снимани во своите домови, биле проучувани нивните интеракции, било разговарано со нив за секој аспект од нивниот живот. 

Научниците ги набљудувале факторите кои во текот на животот навистина влијаеле врз здравјето и како човек се чувствува и сфатиле дека односите со пријателите, особено со брачниот партнер, е најважен. Луѓето кои имале стабилни односи биле позаштитени од хронични заболувања, ментални нарушувања дури и ако овие односи имале свои подеми и падови.

Добриот однос не мора да биде совршен во секое време. Но, се` додека можат да се потпрат на партнерот кога станува збор за тешки ситуации во животот.

Слични резултати се повторуваат и при односите надвор од домот. Луѓето кои пронашле нови пријатели после пензионирањето биле поздрави и посреќни од оние кои си отишле од работа и помалку се грижеле за социјалните контакти.

Прочитајте и...  Овој човек пробал над 150 видови дрога за да не морате вие

Во текот на тие 75 години истражување повторно и повторно се покажувало дека луѓето кои се чувствувале најдобро и добро стареееле, биле оние кои биле цврсто поврзани со семејството, пријателите и заедницата. 

Д-р Владингер вели дека истражувањето покажува корелација, но не неопходен пример. Постои можност луѓето кои се поздрави и посреќни веројатно почесто и полесно создаваат и одржуваат односи додека оние болните и оние кои немаат волја стануваат социјално изолирани и завршуваат во лоши односи.

Следењето на овие лица со децении и споредувањето на состојбата на нивното здравје и односите од почетокот, покажуваат дека силните социјални врски дефинитивно се фактор за долгорочно здравје и затоа толку добро се сеќаваме.

Наместо пред телевизор, поминувајте повеќе време со луѓето, обновете ја врската со децата правејќи нешто ново, шетајте долго и излезете навечер. Јавете му се на член од семејството со кој не сте разговарале со години.


Најпопуларно


To Top