Занимливости

Истражување открива дека неверството влијае позитивно кај изневерените жени

Експертите од Универзитетот во Бингамтон и Лондон спровеле ново истражување на темата љубовни односи кое ги довело до интересни резултати. Поточно, истражувачите се обиделе да утврдат какви долгорочни последици може да остави неверството кај една изневерена жена.

После анкетата спроведена на 5.705 испитаници од 96 земји, установиле дека долгорочните последици се всушност позитивни. 

После почетниот период тагување и чувство на предавство, жената од ова искуство излегува со поголема љубовна интелигенција која ѝ овозможува кај идните партнери веднаш да ги препознае негативните особини. Долгорочно гледано, изневерената жена победува, вели авторот на истражувањето Крејг Морис во извештајот за медиумите.

Дали бакнежот со трета личност се смета за неверство или не? Сте бакнале личност која не е Вашето момче или девојка и сега се прашувате дали има надеж некогаш да Ви прости и дали еден безначаен бакнеж можеме да го сметаме дека сме биле неверни…Едно истражување ни го даде одговорот.

Прочитајте и...  Новогодишните и божиќни декорации низ историјата (ГАЛЕРИЈА)

После изневерувањето, поголемиот дел од жените стануваат посигурни во себе, знаејќи што бараат, побрзо го прекинуваат односот кој не ги задоволува, веднаш препознаваат потенцијален љубовник, стануваат психолошки силни на сите подрачја и лесно донесуваат одлуки кои се добри за нив.

Што се случува со оние кои изневеруваат и нивните нови партнери?

Друго истражување покажа дека врските кои почнуваат со неверство во поголемиот дел од случаевите сепак не траат, бидејќи тоа се заснова најчесто на краткотрајна страст, а не вистинска емоција која е потребна за успешна врска и долготрајна љубов.

Најпопуларно


To Top