Занимливости

Истражување: Светот најтажен, најгневен и најуплашен од кога било досега

Годишниот извештај за глобалната состојба на емоциите на американскиот аналитичко-истражувачки центар Галуп покажува дека три емоции во 2018 година рекордно се зголемиле втора година по ред.

117265 black loneliness light black and white mood 1920x1080

Луѓето ширум светот се потажни, погневни и поуплашени од кога било досега, се наведува во големата анализа на глобалното расположение.

Од позитивна страна, забележано е пониско ниво на стрес, што севкупно значи дека човештвото во 2018 година се чувствувало подеднакво несреќно како и во 2017 година.

Неславната титула за најнегативна земја на светот ја понесе Чад, а следуваат Нигер, Сиера Леоне и Ирак.

Од друга страна, најпозитивни биле латиноамериканските држави.

Американскиот аналитичко-истражувачки центар Галуп во 2018 година одржа 151.000 интервјуа со возрасни луѓе во повеќе од 140 држави.

Прочитајте и...  Неверојатни фотографии од истражувањето на вселената од архивата на НАСА

Најпопуларно


To Top