in

Истражување: Шампињоните го зајакнуваат имуниот систем

Шампињоните се најлесно достапни од сите други видови на печурки. Се користат во салати, чорби, специјалитети, пици, и каде ли уште не. Луѓето често се прашуваат дали прават добар избор кога ќе ги додадат во ручекот и дали тие се добри за здравјето?

Научниците во последното истражување дошле до заклучок дека не само што шампињоните не се штетни за конзумирање, туку се и многу корисни. Акцентот на нивната корисност е врз имунитетот. Истражувањата покажале дека шампињоните го подигаат имунитетот и тоа во најкритичните точки, што го прави посилен, и помоќен за одговор. Ова докажува дека редовното користење на шампињоните влијае позитивно врз правилната функција на имунитетот.

Според научниците, шампињоните влијаат врз создавањето на правилни и здрави Т-клетки, кои се клуч за здравиот имунитет. Т-клетките убијци, се исто така клуч за заштита од малигни алтерации на некој тип на клети. Тие ги напаѓаат и убиваат сите клетки кои добиваат таков потенцијал. Па поради ова можеме да кажеме дека шампињоните се намирница која е навистина корисна за борба против ракот, на било кој орган или ткиво.

Прочитајте и...  Престанете да го користите најопасниот козметички производ кој предизвикува рак, го уништува црниот дроб и бубрезите

Сепак научниците велат дека шампињоните имаат особена улога во сузбивање на карциномот на градата, кај жените, тие велат дека само 100 грама шампињони во текот на денот се доволни да се сузбие растот на туморот на дојка кај жените. Шампињоните имаат и други здравствени поволности, богати се со многу корисни состојки и минерали, но сепак главната и најголемата корисност од конзумирањето на овие печурки е нивното влијание за подобрување на имунитетот, односно нивниот анти-канцероген ефект.

Шампињоните можете да ги приготвувате исто како и досега, се советува да не ги пржите бидејќи пржената храна не е од корист за организамот, исто така се препорачува да не ги солите или да не ги јадете солени, бидејќи солот е непријател на организамот.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote