Здравје

Истражување во САД: Фарбите за коса го зголемуваат ризикот од рак на дојка

Колку е почеста употребата на трајни бои за коса, тоа значи деја е поголем ризикот од развој на рак на дојка, посочува научен труд објавен во списанието „International Journal of Cancer”.

Националниот институт за здравство во САД спроведе анализа на податоците од 46.709 жени. Фокусот е на тоа како околностите и гените влијаат врз веројатноста од развој на рак на дојка.

Резултатите говорат дека жените кои редовно користат трајна боја за коса, имаат девет отсто поголеми шанси да добијат рак од оние „помалку редовните“. Се работи за фарби кои содржат состојки што го разградуваат ендокриниот систем, а некои од нив се и канцерогени.

При употреба на краткотрајните бои за коса нема установени ризици.

– Во нашето проучување јасно го гледаме ризикот од развој на рак на дојките, поврзана со потребата на трајна боја за коса, особено за жените што често се фарбаат, изјави д-р Александра Вајт, раководителка на истражувањето.

Ризикот е дотолку поголем, ако жената почесто ги користи тие средства.

Прочитајте и...  Болките во стапалата ублажете ги веднаш со четири едноставни трикови
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top