in

Машката верзија на “Be a lady they said” започна контроверзна дебата помеѓу феминистите (ВИДЕО)

Виралното видео што ги обележа претходните неколку дена и кое ни ја затрупа почетната страница на „Фејсбук“ доби и машка верзија, но не ѝ се допадна на публиката. „Be a lady they said“ на Синтија Никсон во изведба на маж не е совршен начин за почнување на денот, а твитерџиите и инстаграмџиите го кажаа и своето мислење и малку е непријатно.

На почетокот од неделава видеото на Никсон ја обиколи планетава и доминираше на сите социјални мрежи. Актерката во видеото кажува фрази кои на жените им се всадуваат уште од мали, а сега српскиот маркетинг-експерт за социјални мрежи – Петар Васиќ објави машки одговор на темата и тоа го направи прилично иронично.

На почетокот од видеото тој, на ист начин како што тоа го направи Синтија, почнува да ниже пораки: „Велат, биди машко. Биди јак. биди нежен. Биди силен. Заработувај пари. Немој да зборуваш за работата. Ти зборуваш само за работата. Никогаш не знаеш што сакаш. Никогаш не знаеш што сакам јас“. Потоа снимката одеднаш се прекинува и Петар апелира веќе да не се снимаат вакви видеа кои прават раздор меѓу мажите и жените наместо да ги зближуваат.

Прочитајте и...  (ВИДЕО) Најслатките солзи и урнебесни реакции: Дечиња дознаваат дека ќе добијат брат или сестра, но тоа воопшто не им се допаѓа
https://www.instagram.com/tv/B8_0pixHM08/?utm_source=ig_embed

Доколку сте го пропуштиле видеото на Синтија, погледнете го во продолжение.

„Биди дама велат. Здолништето ти е прекратко. Деколтето ти е предлабоко. Пантолоните ти се претесни. Не покажувај толку кожа. Не ги покажувај бедрата. Не ги покажувај градите. Не го покажувај стомакот. Не го покажувај деколтето. Не ја покажувај долната облека. Не ги откривај рамената. Покриј се. Остави малку за имагинацијата. Облечи се скромно. Не предизвикувај.
Мажите не можат да се контролираат. Мажите имаат потреби.

Изгледаш непривлечно. Опушти се. Покажи малку кожа. Изгледај секси. Изгледај атрактивно. Не биди толку провокативна. Сама бараш невоља. Носи црно. Носи потпетици. Премногу си дотерана. Не си се дотерала. Не носи хеланки, изгледаш како да си се запуштила.

Биди дама, велат. Не биди премногу дебела. Не биди премногу слаба. Не биди преголема. Јади. Ослаби. Престани да јадеш толку. Не јади пребрзо. Нарачај салата. Не јади јаглени хидрати. Прескокни го десертот. Мораш да ослабеш. Да влезеш во тој фустан.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Жена која ја испеа „Shallow“ за интернет предизвик стана вистински ХИТ

Биди на диета. Внимавај што јадеш. Јади целер. Џвакај мастика. Пиј многу вода. Мора да влезеш во тие фармерки. Боже, изгледаш како костур. Зошто едноставно не јадеш? Делуваш слабо. Изгледаш болно. Изеди хамбургер. Мажите сакаат жени со месо на коските. Биди малечка. Биди лесна. Биди женствена. Биди големина „нула“. Биди дупла нула. Биди ништо. Биди помалку од ништо.

Биди дама, велат. Отстрани ги влакната од телото. Избричи ги нозете. Избричи ги пазувите. Избричи ги препоните. Депилирај го лицето. Депилирај ги рацете. Искуби ги веѓите. Ослободи се од обетките. Избели го ова. Избели го она. Осветли ја кожата. Покриј ги лузините. Покриј ги стриите. Зголеми ги усните. Ботоксирај ги брчките. Затегни го лицето. Стисни го стомакот. Подигни ги градите. Изгледај природно. Биди своја. Премногу се трудиш. Изгледаш претерано нападно. Мажите не сакаат девојки кои премногу се трудат.

Биди дама, велат. Носи шминка. Стави пудра. Сокри го руменилото. Истакни ги јаболчниците. Нашминкај ги очите. Израмни ги трепките. Пополни ги веѓите. Продолжи ги трепките. Обој ги усните. Пудра, руменило, бронзер, хајлајтер. Косата ти е прекратка. Косата ти е предолга. Врвовите ти се испукани. Извлечи прамени. Исфарбај ја. Не во сино, тоа изгледа неприродно. Изгледај младо. Старото е грдо. Мажите не сакаат грдо.

Прочитајте и...  "Ти никогаш нема да бидеш славна" Погледнете како Лејди Гага била исмејувана од врсниците на факултет

Биди дама, велат. Чувај се. Биди чиста. Биди девица. Не зборувај за секс. Не флертувај. Не спиј наоколу. Сочувај го достоинството. Не спиј со премногу мажи. Не се продавај. Мажите не сакаат такви. Не биди внимателна. Не биди толку тесноградна. Смеј се повеќе. Угоди им на луѓето. Биди искусна. Биди сексипилна. Биди невина. Биди валкана. Види кул девојка. Не биди како останатите девојки. Биди дама, велат. Не зборувај прегласно, Не зборувај премногу. Не плаши се. Зошто си толку лоша? Не биди кучка. Немој толку да наредуваш. Не биди толу емотивна. Не плачи. Не викај. Не пцуј. Издржи болка. Не жали се. Здипли му ја облеката. Направи му вечера. Направи го среќен. Тоа е женска работа. Ќе бидеш добра жена еден ден.

Земи го неговото презиме. Ги зеде двете? Луда феминистко. Подари му деца. Не сакаш деца? Ќе сакаш еден ден. Ќе се предомислиш. Биди дама, велат. Не дозволувај да те силуваат. Не пиј премногу. Не излегувај доцна. Немој да се напиеш. Немој да им се насмевнеш на непознати. Не излегувај ноќе. Не верувај му на никој. Немој да кажеш ДА. Немој да кажеш НЕ. Само биди дама, велат.“

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote