Случувања

Извајано тело и стомачни мускули – популарната Касандра денес има 46 години и понатаму изгледа како “бомба“

Иако ја “гази“ петата деценија од животот, актерката има совршено извајано тело, а лице како три децении помлада девојка.

Coraima Torres as ‘Kassandra’ in the TV series ‘Kassandra’ 1999 When: 17 Dec 2003 Credit: WENN

Популарната венецуелска актерка, Кораиме Торес (46) доби голема популарност преку улогата на Касандра.

Експанзијата на шпанските серии се случи во 1997-та година, но од сите најпопуларна беше „Касандра“.

Ниту репризите на оваа серија во која Касандра, Доринда, Игнацио и Ранду беа главните актери немаше помалку гледаност. А, потоа дојдоа некои други ликови, па Кораима Торес е заборавена. Денес, нема ни да ја препознаете.

Иако поминаа 27 години откако е снимена серијата сепак за неа времето запрело.

Актерката има совршено извајано тело, а лице како три децении помлада девојка. Естетски операции не правела туку самата се трудела да го има овој изглед на кој и денес многумина ѝ завидуваат.

Прочитајте и...  Светски ден на дауновиот синдром

Животот во природа и постојаните тренинзи направиле и по породувањето да има стомачни мускули.

Таа живее во Венеција каде што е омажена за колегата Николас Монтера со кој има едно дете. 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top