in ,

Изведувач на деценијата: Тејлор Свифт победи во сите категории во кои беше номинирана на АМА 2019

fb 1

Тејлор Свифт беше големиот победник на овогодишното доделување на Американските музички награди.

Во рацете на 29-годишната музичарка завршија вкупно шест статуетки, со што таа го сруши рекордот за најголем број освоени АМА награди. Претходно, рекордот беше поставен од Мајкл Џексон со 23 награди, а Тејлор досега може да се пофали со 29 АМА награди.

01 2
02 1

Таа не само што победи во сите петте категории во кои беше номинирана, туку беше прогласена и за Изведувач на годината.

Тејлор ги доби наградите за Изведувач на годината, Омилен поп/рок албум за „Lover“, Омилено музичко видео за „You Need to Calm Down“, Омилен женски поп/рок изведувач иОмилен современ артист за возрасни.

03 1
04 1
05 1
06 1
07 1

Нов изведувач на годината стана Били Ејлиш, додека Омилен изведувач на социјалните мрежи е машкиот бенд BTS.

08

Омилен машки поп/рок изведувач е Калид, а во рацете на Холзи заврши статуетката за Омилена поп/рок песна за „Without Me“.

09

За Омилен саундтрак беше прогласена музиката од филмот „Bohemian Rhapsody“.

Прочитајте и...  Во Нов Зеланд пронајден фосил од џиновски пингвин со големина колку возрасен човек
10

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote