Животински свет

Ја губиме битката – коалите може да исчезнат поради пожарите

Австралија деновиве се соочува со огромни пожари. Во природниот резерват на езерото Инес беа уништени две третини од живеалиштата на коалите минатиот месец – ставајќи го видот под закана.

Организацијата „Конзервација на коалите“ од Австралија проценува дека пожарите што ги уништиле областите досега убиле 350 коали. Ова е огромен удар за резерватот во кој има околу 500 до 600 коали.

– Ја губиме битката за да ја задржиме популацијата на коалите затоа што ги губиме со многу побрза стапка отколку што се одгледуваат – изјави претседателката на организацијата, Сју Ештон.

Коалите се познати по нивната бавна стапка на размножување, при што женките во просек може да родат едно младенче на секои 18 месеци. Ќе бидат потребни години за видот да закрепне.– Ќе земеме колку што е можно повеќе коали бидејќи сме загрижени за оваа популација. Сметаме дека ако не ги згрижиме и ако се изложени на ризик, би можеле да ги изгубиме сите – изјави Сју Ештон.

20191113 ja gubime bitkata koalite mozhe da ischeznat poradi pozharite 1

Мисијата за спасување во природниот резерват минатата недела пронајде 14 повредени коали, со што вкупниот број на коали во болницата е 43. Сепак, се очекува овој број да порасне бидејќи пожарите продолжуваат да беснеат низ Нов Јужен Велс.

Прочитајте и...  Најтажна слика во новата година: Медал за храброст за детето со цуцла

Научниците велат дека климатските промени довеле во потопло време, што довело до посиромашни услови за коалите, кои веќе се соочуваат со намалување на земјиштата погодни за живот поради уништувањето на шумите.

– Пожарите ќе уништат некои клучни центри на популацијата, но тоа ќе го направат и растечките температури. Коалите се дефинитивно во неволја во Нов Јужен Велс, но ако падот продолжи со иста стапка како последните 20-30 години, коалите би можеле да бидат истребени до средината на овој век – изјави Џејмс Тремајн од Советот за заштита на природата на Нов Јужен Велс.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top