Јадете што сакате, но не и кога сакате: Светот полуде по 8-часовната диета, еве како да ги намалите килограмите

„Осумчасовната диета” е план за слабеење на Давид Зинченко и Питер Мур која ја претставија во книгата: „Осумчасовна диета – Гледајте како килограмите ги снемува додека го јадете она што го сакате”.

Со оваа диета , Давид им ветува на читателите дека можат да изгубат многу килограми и да јадат се што ќе посакаат. Зарем не е ова сонот на секој љубител на храна?

Но има едно многу важно правило –Може да јадете САМО во еден временски интервал што трае точно 8 часа – надвор од овој интервал нема јадење.

Инаку, оваа концепција не е нова и до сега постоеа повеќе диети кои препорачуваат менување на пост и нормална исхрана со тоа што имаат ограничена временска рамка (недела – до две). И затоа оваа како и сличните диети се базираат на теоријата дека човечкото тело е дизајнирано за периоди на пообилна исхрана а потоа периоди на пост, односно не внесување на храна.

Значи, постојат циклуси од 8 часа кога буквално се се јаде (добро, мерка секогаш мора да постои), а потоа циклус од 16 часа кога ништо не се јаде. И така секој ден. Во текот на 16 часа човечкото тело мора да биде концентрирано на одмор и закрепнување, а не на постојано варење на храната

Кои се „идеалните“ 8 часа за конзумирање на храна?

Веќе научивме дека во текот на 24 часа само во еден интервал од 8 часа се конзумира храна. Е сега, прашањето е кој осумчасовен период е најдобар за нас? Најголем дел од диеталците заговаараат дека идеален период е од 09 до 17, но во пракса и периодот од 08 до 16 или 10 до 18 не е невообичаен. Кој и да го одберете: единствена и основна работа е во рамките на него да ги изедете сите планирани дневни калории.

Значи, временскиот интервал може да се прилагоди во зависност од вашиот дневен распоред и дури може да биде различен во различни денови во текот на неделата.

Јадете колку што сакате

Во оваа диета нема забранета храна но не дозволувајте оваа диета да биде изговор за да се прејадувате. Единствен исклучок од ова правило се слатките напитоци, бидејќи во осумчасовната диета не влегуваат калориите кои се наоѓаат во пијалоците(алкохолни или безалкохолни)-но тоа не значи дека не можат да се конзумираат-секако умерено.

А што ако појадокот доцни ?

Реална ситуација: Од премногу обврски не сте успеале да го „запазите“ времето за појадок и со тоа почетокот на осумчасовниот период на исхрана. И тука постои решение: испијте чај или кафе и кога ќе ви се укаже прилика отпочнете со вашиот осумчасовен циклус на исхрана. Значи, не можете да јадете пред 10 часот наутро? Ништо страшно, во 8 часот испијте нешто од горе споменатото, завршете ги обврските и во 10 почнете со појадокот.

Јадете што сакате

За разлика од другите диети, кај оваа грицките се дозволени и може да се јадат често во рамките на осумчасовниот период. Сепак,здравата логика и овде говори дека треба да се биде критичен и да се избираа поквалитетни грицки (подобро е, на пример, да се јадат печени семки и јаткасти полодови како и суво овошје, отколку солени стапчиња ,чипс и сл). Генералните препораки важат и овде – секогаш е подобро да се конзумираат што е можно поприродни намирници а да се намалат индустриски произведените.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.