Случувања

Јапонците разработуваат теорија за долговечноста

Научници од институтот Рикен во Toкиo, Јапонија разработуваат теорија околу тоа – зошто луѓето што живеат над 110 години, доживуваат толку длабока старост, пренесува „Мирор”.

image 1

– Ако ја откриеме врската меѓу имуниот систем, стареењето и долговечноста, тоа може да придонесе за развој на терапии за продолжување на животот, изјави раководителот на истражувањето, Косуке Хашимото.

Со стареењето, ризикот од рак и други опаки болести се зголемува како резултат на намалувањето на имуните Т-клетки. Тие имаат својство да уништуваат бактерии и вируси, а кај стогодишниците ги има во изобилие.

Во рамки на овој труд, Хашимото и колегите негови испитуваат илјадници имуни клетки земени од крвта на седуммина стогодишници. Тие биле споредени со други, земени од петмина случајно одбрани доброволци на 50, до 80-годишна возраст.

– Добиените резултати наведуваат на претпоставката дека имуниот систем на столетниците може да биде клучна заштита од вирусни инфекции и развој на тумори, осигурувајќи една прекрасна долговечност. Тоа појаснува и зошто во повеќето случаи стогодишниците во голем дел од својот живот „пукаат од здравје, објаснува Хашимото.

Прочитајте и...  47 години од смртта на Пабло Пикасо

Резултатите говорат оти еден посебен вид Т-клетки, наречени ЦД4 плус, се 4-5 пати повеќе присутни кај оние над сто години, отколку кај некои од помладите испитаници. Не се знае, сепак, зошто и како тоа точно го продолжува животот.

– Откритието може да доведе и до апче – еликсир на младоста, додава јапонскиот професор.

Канадски научници пак, анализирајќи случаи во САД, Велика Британија, Франција и Јапонија од 1968 година до денес, сметаат дека во иднина бројот на столетниците ќе се зголемува.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top