video mount fuji

На јапонската планина Фуџи пронајдено е тело на планинар за кој се претпоставува дека настрадал додека во живо преку социјалните мрежи го пренесувал своето искачување кон врвот.

Сомневањата се дека се лизнал и паднал. Полицијата покрена голема потрага надевајќи се дека ќе го пронајде живо, но на висона од 2.700 метри пронашле тело на маж.

На снимката може да се слушне како планинарот вели дека прстите му трнат од студенилото и дека сакал да понесе и грејачи.

Само што кажал дека патот кон врвот е многу лизгав и покриен со снег, наеднаш почнал да паѓа. Тогаш снимката се прекинува.

Качувањето на највисоката планина во Јапонија е дозволено само од јули до 10. септември.

Прочитајте и...  Јапонија: Одобрено вкрстување луѓе со животни, експериментите почнаа
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за