Занимливости

Јапонија воведува задолжително спиење на работното место

Јапонските работодавачи воведоа задолжително спиење на работното место, и тоа ќе биде дел од нивните работни обврски. Тоа не значи дека ќе можат на некое време да ги „затворат очите“, туку ќе добијат соба за спиење.

И за тоа компаниите имаат вистинско оправдување. Според анализите кои ги направиле, јапонските компании годишно губат дури 138 милијарди долари поради недоволното спиење на работниците.

Компаниите до Министерството за здравство доставија предлог-закон во кој се предвидува на работниците да им се дозволи да спијат барем половина час за време на работниот ден.

Неколку ИКТ компании веднаш го прифатија овој тренд.

Прочитајте и...  На денешен ден во 1963 г. Тито станал доживотен претседател на Југославија

Најпопуларно


To Top