Македонија

ЈСП од утре со редуциран возен ред

jsp

ЈСП Скопје информира дека од утре, четврток, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по редуциран возен ред, идентичен на возниот ред кој важи за време на зимски, односно летен училиштен распуст.

Комплетниот преглед на возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

-Редуцираниот возен ред е согласно актуелната состојба со коронавирусот, намалениот број на корисници на јавниот превоз и една од мерките, препораки за превенција од ширење на вирусот. Извесно е дека редуцираниот возен ред ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции. ЈСП Скопје апелира до граѓаните за рационално користење на јавниот превоз, а истовремено потсетуваме дека сите возила на ЈСП Скопје уште од пред десетина дена се подложни на дополнителен третман на дезинфекција, информираат од претпријатието.

Имено, секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од превентивните мерки од коронавирусот.

Прочитајте и...  АПЕЛ ОД ДЕЦА ОД ШТИП: Ни требаат 60.000 фунти за спас на мама (ВИДЕО)

Возилата се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото како ракодржачи и слично.

Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линија или потоа, зависно од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.

Инаку, редовна внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега.

Најпопуларно

To Top