Македонија

ЈСП времено ги укинува студентските билети и бесплатниот превоз за пензионерите

jsp

ЈСП Скопје од утре времено ги укинува бесплатните годишни и средношколски и студентски билети. Како што информираат од Јавното претпријатие, времено се укинува и бесплатниот превоз за пензионерите.

Како што пренесуваа од ЈСП:

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.

Прочитајте и...  Прв позитивен случај на корона вирус во Комерцијална банка

Најпопуларно

To Top