Колегите на починатиот научник на НАСА, познат по експертизата за судирите на небесните објекти, дошле до идеја на оригинален начин да му оддадат почит. Садот со дел од посмртните останки на Јуџин Шумејкер допрел до површината на Месечината со брзина од 5.000 километри на час.

“Тој е првиот човек за кој знаеме дека е погребан на Месечината”, вели Керолин Порко, професорка на Универзитетот Аризона и колешка на Шумејкер на проектите на “NASA Voyager”. “Тоа е значајно бидејќи докажува дека Соларниот систем е наш”, додала таа.
Таа всушност ја започнала иницијативата и сама го смислила епитафот за поранешниот колега, кој загинал токму на задача за НАСА во Австралија.

Шумејкер е одоговорен за пронаоѓањето на 20 комети и 800 астероиди, а најголемо достигнување му е пронаоѓањето на кометата Шумејкер-Леви, која удрила во Јупитер во 1994-тата година.
Садот со дел од посмртните останки бил сместен на леталото “Lunar Prospector”, кое удрило на површината на месечината на 31-ви јули 1999-тата година.
Дејвид Морс, портпаролот на Научниот центар “Ејмс” при НАСА, тоа го нарекол “посебно сеќавање за посебна личност”.
Шумејкер сакал да стане астронаут, но поради здравствени проблеми бил одбиен. Потоа работел на повеќе мисии на НАСА, вклучувајќи ја и “Аполо” програмата.
Пред трагичната смрт, изјавил дека најмногу жали што “не отишол на Месечината”. Научниците на НАСА веруваат дека малиот сад бил уништен при ударот, и дека пепелта се разлетала на Месечината.