Текстови и колумни

Каде си?

Каде си?
Ова беше една од тие ноќи каде што сакав да пишувам поезија на твоето тело.
Каде што твоите усни ми беа повеќе потребни од сите отрови на светот.
Каде што секој твој збор беше попријатен од секоја jazz мелодија која ја знам на памет.

Оваа е таа ноќ каде што сакам да бројам бакнежи и воздишки а не ѕвезди.
Каде си?
Каде ли те сокри оваа темна ноќ?
Каде ли те истераа моите зборови и постапки?

Демоните под мојот кревет одамна се во мојата глава …И некогаш се погласни и од самиот мој глас.
Прости ми .

Огнот што во мене гори се поскоро мислам дека ќе запали се околу мене и дека јас ќе горам.
Но ќе горам со насмевка на моето лице .
Блудница.
Некои би рекле вештерка .
Среќа сме во 21 век .
Одамна ќе бев на некоја клада. Но огнот ќе си го запалев сама .
Не ти .
Не тој .
Не тие.

Прочитајте и...  Погледи

За да не гледам во какво општество живеам .
На зомбиња.
На луѓе без енергија и жар во себе си .

Но сега веќе навлегов повеќе од потребно .
Муабетот ми беше …
Каде си ?
Кога проклето ми е потребна топлината на твоето тело .
За да ме смири.
За да ми ги успие демоните кои имаат журка во мојата глава.
Каде си ?

Оваа е една од оние ноќи …Каде што проклето ми треба се.

Јелена Ѓиноска

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top