in

Кафулињата во Италија почнаа да користат тестенини наместо пластични цевки

Италијанците преземаа одлична иницијатива со тоа што хартиените и пластичните цевки ги заменија со цевки од тестенини – генијална идеја.

Многу земји низ светот почнаа да ги заменуваат пластичните цевки со хартиени, со цел да го намалат пластичниот отпад, иако многумина се согласуваат дека истите не се многу практични.

Но, Италијанците отидоа чекор понапред, па наместо пластични или хартиени цевки, во некои барови тие почнале да нудат цевки од тестенини, а корисник на Reddit прв ја рашири оваа вирална вест.

https://www.instagram.com/p/B2zQjkOH2SX/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix

Сепак, изгледа дека тие не се први кои се сетиле на оваа идеја, со оглед на тоа што во некои делови од Велика Британија веќе се користеле „паста цевки“, од брендот STROODLES.

Оние кои веќе пробале да пијат со цевки направени од тестенини се задоволни од изумот и велат дека не го менуваат вкусот на пијалакот, а луѓето ширум светот одлично ја прифатија оваа генијална идеја.

Би пиеле ли и вие од „паста цевка“? Можеби некогаш ќе „дојде“ и кај нас овој модерен изум…

Прочитајте и...  Доаѓа лето: Подгответе ги стапалата за сандали!

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote