Српската пејачка Радојка Кецман е уапсена заедно со државјанин на Шведска поради сомнение дека извршиле кривично дело – недозволено производство, чување, носење и продавање оружје и експлозивни материјали, како и поголема количина на оржује и муниција.

Полицијата извршила претрес во станот во Нови Сад кој го користи Радојка и пронашла две автоматски пушки, а во претрес во уште еден стан кое го користело лицето од Шведска биле најдени 11 автоматски пушки, 11 гасни пиштоли, пригушувачи и поголема количина на оружје од различен калибар.

oruzhje 2 360x562

– Едната од запленетите пушки била премачкана со бел лак кој криминалците го користат за после злочинот биде лесно запавливо. Лакот му помага побрзо да изгори, а најчесто се премачкуваат пред да се изврши убиство. Поради тоа, истражителите веруваат дека акцијата за убиство била кон крајот, но уште се проверува кој бил метата – изјавил полициски инспектор за српските медиуми. Тој се сомнева дека пејачката и нејзиниот пријател биле дел од криминална банда.

oruzhje 640x410

Доказитеукажуваат на тоа дека тие го чувале оружјето за некого. Според изјавата на инспекторот, со оружјето кое е пронајдено досега не е извршена ликвидација.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Несреќа во Србија: Автомобил влетал во двор каде си играло дете во базен

Оружјето е ново, но сепак ќе биде испратено на вештачење за да се види дали и некој друг бил во контакт со него.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за