Покрај тоа што е добра за нега на бебешката кожа, детската пудра може да ви биде многу корисна во домаќинството, особено за отстранување на непријатниот мирис од обувките и плакарите.

Кога почесто ги носите истите чевли, особено кога ви се потат нозете, се јавува непријатен мирис.
Ставете малку детска пудра во чевлите и оставете ги така преку ноќ. Пред да ги обуете, само отстранете ја пудрата од чевлите.
Детската пудра ги неутрализира непријатните мириси и од плакарите. Се што треба да направите е да ставите тегла или стаклена чинија со детска пудра во плакарот неколку часа или преку ноќ.
