Дом и Градина

Како да ги избркате мравките со помош на природни средства

Топлите летни денови со себе носат и инвазии на инсекти, меѓу нив се и мравките. Било да живеете во стан или куќа, тие излегуваат од најмалите дупки кои тешко се наоѓаат. Постот голем број на инсектициди, спреј за бубачки и слични хемикалии, но во овој текст ќе зборуваме за природните нетоксични средства со кои можете трајно да ги отстраните мравките од вашиот дом.

ant trail
ant trail

Етерични масла

Етеричните масла со својот силен мирис ги одбиваат мравките. Најмногу помагаат мирисите на лаванда, еукалиптус, нане и цимет. Капнете неколку капки од овие масла на местата од каде што излегуваат мравките. Освен што ќе ги снема мравките, вашата соба ќе мириса убаво, а вие ќе се чувствувате подобро.

Зачини и мирудии

Со помош на зачини и мирудии, исто така, можете да ги истерате мравките. Посипете црн бибер, чили, цимет, нане или лук на местата каде што се движат мравките и околу куќата или вратата. Исто така, можете да ставите ловоров лист во шкафовите и фиоките.

Прочитајте и...  Огледалата во домот привлекуваат пари, но само ако се правилно поставени

Оцет

Сите површини по кои се движат мравките испрскајте ги со оцет. Препорачливо е да се мијат подовите секој ден со оцет, бидејќи тоа ги одбива мравките.

Кора од краставица или цитрус

Ставете кора од цитрус или краставица на местата на кои се најактивни мравките. Овие видови на кора се токсични за габите со кои се хранат мравките.

Креда или бебешка пудра

Кредите и бебешките пудри содржат талк, кој е природен инсектицид за мравки. Подвлечете линија со креда или посипете бебешка пудра на места каде што мравките влегуваат во вашиот дом.

Кафе

Талогот од кафе е одбивен за мравките, затоа не го фрлајте, туку ставете го на места од каде што мравките влегуваат.    

Мравките не сакаат силни мириси, како што се оние од етерични масла. Покривајте ги сите садови со храна, пијалоци и остатоци од храна. Ако ги најдете во ѓубрето, чувајте ја кантата надвор од куќата. Секојдневно чистете го вашиот дом и исполнете ги сите дупки преку кои можат да влезат. Мравките оставаат трага на феромони кои го следат другите мравки. Испрскајте ги тие површини со вода и сапун.

Најпопуларно


To Top