Психологија

Како да го мотивирате детето за учење

writing handwriting performance

 Ако сте биле во контакт со деца на 3-4 годишна возраст, веќе знаете дека тие се навистина љубопитни и постојано се интересираат за голем број теми и настани. Тие секогаш се расположени за нови знаења и искуства. Сигурно добро ви е позната родителската изрека: „Никогш не престануваат да прашуваат, зошто, како и секој одговор, носи уште 5 прашања со себе.“ А тука се и оние прашања на кои родителот нема одговор или се работи за интимни теми, па родителите се препотуваат, даваат нецелосен одговор или сосема го избегнуваат прашњето со надеж дека детето набрзо ќе го заборави.

За жал, се чини дека на овие ситуации им доаѓа крајот кога децата ќе тргнат во училиште. Сите оние прашања и целиот интерес околу спознавањето на нови работи се претвора во одбивност кон учењето. За жал, ретки се оние кои ја задржуваат желбата за учење и на крајот од основното или средното образование се уште имаат желба да учат. Секако дека децата не стануваат незаинтересирани и мрзливи сами по себе. Тие тоа го учат. Начест проблем е тоа што оценките се цел на родителите, а не на детето, така што детето нема чувство дека треба да учи и да постигне нешто за себе. Многу често, целата одговорност за учење и училишен успех ја преземаат родителите, особено за време на основното училиште, па така детето е помалку загрижено и помалку размислува за училиштето. Поради тоа, децата не успеваат да стекнат работни навики и да се грижат за училиштето – што обично се јавува кога одат во средно училиште.

Слушање наместо делење совети

kid writing

Многу честа, иако добронамерна грешка на родителите е константното поправање и давање совети на детето. Ова ја попречува комуникацијата родител – дете на сите полиња, па и тие поврзани со училиштето. Таквиот однос влијае врз детето  и тоа чувствува дека самото не може да го реши проблемот, туку за тоа ќе се погрижат родителите и дека тоа е најдобрата опција. Повозрасните деца често мислат дека не мораат да слушнат ниту збор од она што им се кажува, туку само да молчат и да се преправаат дека слушаат. Ова развива пасивен отпор кај децата. Во тинејџерскиот период

Прочитајте и...  Видео на денот: Мачки кои молат за внимание од своите газди

тој пасивен отпор често прераснува во активен, па караниците и непослушноста стануваат секојдневие. Дури и децата кои не се спротивставуваат, се научени дека проблемите ќе бидат решени од страна на родителите поради што и не вложуваат доволно труд.

Многу честа, иако добронамерна грешка на родителите е константното поправање и давање совети на детето. Ова ја попречува комуникацијата родител – дете на сите полиња, па и тие поврзани со училиштето. Таквиот однос влијае врз детето  и тоа чувствува дека самото не може да го реши проблемот, туку за тоа ќе се погрижат родителите и дека тоа е најдобрата опција. Повозрасните деца често мислат дека не мораат да слушнат ниту збор од она што им се кажува, туку само да молчат и да се преправаат дека слушаат. Ова развива пасивен отпор кај децата. Во тинејџерскиот период тој пасивен отпор често прераснува во активен, па караниците и непослушноста стануваат секојдневие. Дури и децата кои не се спротивставуваат, се научени дека проблемите ќе бидат решени од страна на родителите поради што и не вложуваат доволно труд.

Одговорноста за учење е на детето

Родителите треба постепено, во согласност со возраста, да му ја препуштат одговорноста на детето околу училиштето. Ова значи дека детето треба самостојно да ја подготви својата чанта за во училиште, да се грижи за домашната задача, да обезбедува книги и лектири од училишната библиотека и навремено да се подготви за во училиште. Секако дека сите овие работи не може да ги прави дете од прво одделение, но до крајот на првата учебна година повеќето деца ќе се оспособат сами да се грижат барем околу подготовката на својата чанта. Освен одговорноста за своите обврски, родителите низ разговор треба да му објаснат на детето дека тоа оди во училиште поради негова лична надградба и вистински да се потрудат, детето да го разбере тоа укажување. Токму низ ваквиот тип на разговор, детето развива мотивација и интерес за постојано учење.

Прочитајте и...  Како да запрете паничен напад: 10 начини за да се справите

Реалност наспроти перфекционизам

kids read write and paint child doing homework picture id648452228

Децата кои имаат впечаток дека никогаш нешто што направиле не е доволно, дека четворка или тројка се лоши оценки, обично се перфекционисти или целосно демотивирани за учење и работа, бидејќи се раководат со мислата „Што и  да направам нема да е доволно добро”. Перфекционистите најчесто се одлични во училиште, но тие што не се задоволни со ниеден успех што го

постигнале, тоа пак во подоцнежните години води кон депресија и константно незадоволство. Затоа најдоброто што можете да го направите за своето дете е да го насочите како да ги распознава работите во кои навистина е добро, а во кои е полошо и соодветно на тоа да ја насочи енергијата. Секако тоа не значи дека детето не треба да се труди на она поле на кое наидува на тешкотии, туку треба да знае дека очекувањата не треба да бидат превисоки. Родителот кој има реални очекувања, треба да го поддржи детето кое има пониска оцена од петка, бидејќи поддршката е исто така голем успех.

Прочитајте и...  Жена поглавар од Малави раскинала над 1500 бракови со малолетни девојчиња и ги вратила назад во училиште

Поддршка, охрабрување и почитување

Важно е да не развиете или барем навремено да ги замените лошите навики критикувања, приговарања и заканувања кон детето. Наместо тоа на детето му е потребна поддршка, охрабрување, почит и верување во неговата способност, за самото да ги совлада проблемите и да успее во она што го сака. Изјави од типот: „Како можеше да го направиш тоа?!”, „Не биди глупав/а!”, „Како не разбираш”, „Уклучи го мозокот” и слично, навистина можат да ја срушат самодовербата кај детето и да го демотивираат за било какви понатамошни обиди.

Примерот вреди повеќе од зборовите

writing with pens 1024x1024

Децата кои сакаат да учат, обично живеат во домови во кои знаењето се цени и во кои родителите дозволуваат детето да поставува прашања, да искажува различно мислење и да води интелектуални разговори. Родителите треба да знаат да го ценат мислењето на детето без разлика колку тоа е различно од нивното.Со почитување на секој аргумент на детето му се овозможува цврста емоционална контрола.

Поттикнете го учењето со разбирање

Учењето на памет е всушност како учење телефонски именик – досадно, тешко и бесмислено. Поттикнете го детето да поставува прашања на одредена тема. Најдоброто што еден родител може да направи е да го научи детето да го истражува и осознава значењето на она што го учи, наместо да пробува да запомни зборови по одреден редослед како во книга. Учењето не смее да биде ограничено и да се сведува само на она во училиштето или пак на одредена задача. Учењето е континуиран процес во животот и потребно е детето да успее да ги поврзува и применува работите кои ги учи од различни теми во секојдневието.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top