Дом и Градина

Како да го поправите изгребаниот кожен мебел?

Домашните миленичиња, посебно мачките, се можеби вашиот најверен пријател, но не и на кожната гарнитура во домот.

izgreban kozen mebel

Наместо да се откажете од убавиот изглед и да ги претапацирате сите фотелји и троседот во некој материјал кој помалку се оштетува, постои еден трик кој може да го врати сјајот на кожата за неколку минути.

Зависно од интензитетот и длабочината на гребаниците, резултатите може да варираат од задоволувачки до фантастични, но во секој случај вреди да пробате.

Направете полирање со маслиново масло и памучна крпа.

Ставете неколку капки обично маслиново масло на мека, памучна крпа и истријте го местото каде има гребаници со лесни и кружни движења.

Гребаниците нема веднаш да исчезнат, но ќе се прикријат, а кожата ќе добие нов сјај.

Вишокот масло можете да го отстраните со хартиена салфетка.

Ако се сомневате дека мебелот ќе ви се оштети, постапката пробајте ја на некое најмалку видливо ќоше пред да ја поминете цела гарнитура.

Прочитајте и...  Основни правила за фенг-шуи почетници


Најпопуларно


To Top