Видео

Како да го разладите автомобилот за само неколку секунди?

Неколку едноставни трикови ќе ви помогнат температурата во вашиот автомобил да се спушти и до десет степени и тоа за многу брзо време!

AC Pro Cool Down Car Quickly Hot Air Out

Пеколно жешкиот автомобил не е само непријатен кога треба да влезете и да се возите во него, туку може да биде и опасен за живот. Колку и да ви се брза, имајте на ум дека нема никаде да стигнете ако срцето ви откаже од неверојатниот шок. Затоа, почекајте, добро изладете го автомобилот и дури тогаш седнете во него.

Со едноставен трик до 10 степени помалку

Има едноставен трик кој најбрзо ја лади прегреаната внатрешност на возилото. Прво, спуштете го прозорецот кај совозачот и затворете ја вратата. Потоа вратата од кај возачот отворајте и ја затворајте ја повеќе пати. И тоа е тоа! Ќе видите дека за брзо време температурата во возилото ќе падне и до десет степени.

Превентивни мерки

Прочитајте и...  Поубаво нешто немате видено: Овие бебиња ќе ви го стоплат срцето (ВИДЕО)

Во текот на летото, добро е на седиштето да ставите некаков памучен материјал. Така, ќе ви биде поудобно да седнете, а чувството на жештина сигурно ќе биде помало. Исто така, добра идеја е кога паркирате на сигурно место, да ги оставите малку подотворени прозорците за воздухот да може да циркулира.

Има уште еден трик како кога ќе се фатите за воланот, тој да не биде екстремно жежок. Имено, само кога го оставате возилото, замотајте го воланот на спротивната страна. Кога ќе се вратите, само ротирајте го додека не се врати во почетната положба, па така најжешкиот дел ќе ви остане долу.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top