Живот

Како да носите маска за лице без да ви се замаглат очилата?

Од многуте негативни страни кои се појавија поради пандемијата со коронавирусот, за некои се истакнува овој мал, но многу досаден проблем. Кога ставаат маска за прв пат, луѓето со очила приметуваат дека тие им се замаглуваат поради издишаниот топол воздух кој се движи нагоре. Намалувањето на ризикот од зараза е голема придобивка, но не по цена да се удирате во секоја бандера.

За среќа, има лесно решение. Неколку, всушност. Според МЕЛ магазинот, едно решение е да се стави влажно марамче под маската. Марамчето ќе ја впие влагата, која инаку ќе се искачи на очилата.

Друга алтернатива е да се мијат очилата со сапун и вода и да се исушат. Бидејќи ќе остане тенок слој сапун, ќе биде потешко да се замаглат.

Прочитајте и...  Денеска е Преподобен маченик Агапиј

Најпопуларно

To Top