Кујна

Како да спасите пресолено јадење?

На сите нам сигурно ни се има случено да пресолиме некое јадење, да мислиме дека не е доволно солено при пробувањето, па да додадеме уште малку, а тоа малку да ни го уништи целиот труд. Што да правиме тогаш? На кој начин можеме да го спасиме јадењето? Некои јадења нема да можеме целосно да си спасиме, но сепак не е невозможно да се ублажи соленоста.

Доколку ви се случи да пресолите салата или варен зеленчук, само исплакнете ги со вода.

Ако пресолите чорба, супа или некое друго варено јадење, за да се неутрализира солта одлијте дел од течноста и додадете чиста вода или пак малку шеќер или излупен компир кој ќе впие дел од солта. Можете да додадете магдонос, јајце или кисела павлака.

Некои јадења можат да се неутрализираат додавајќи малку сода бикарбона. Лебните трошки ли јогурт можат исто така да помогнат кај варените јадења.

Во секое јадење можете да додадете и сок од лимон кој при готвење ќе испари и делумно ќе ја неутрализира солта.

Прочитајте и...  8 јадења за здрав панкреас

Кај печено месо не е возможно да се неутрализира пресоленоста кај поховано месо освен доколку направите некој сос кој нема да го насолите. Додадете го месото во сосот и нека отстои половина час на топло, за сосот да не се згусне премногу.

Речиси секое јадење може да се неутрализира со сос, особено бешамел сос бидејќи тој се прави со млеко, а млекото ја неутрализира солта.

Најпопуларно


To Top