Психологија

Како да запрете паничен напад: 10 начини за да се справите

Паничните напади се ненадејни, интензивни нагони од страв, паника или анксиозност. Тие се огромни, и тие имаат физички, како и емоционални симптоми.
Многу луѓе со напади на паника може да имаат тешкотии при дишењето, да се потат изобилно, да чувствуваат болка во градите и да мислат дека добиле срцев удар.
Како да препознаете дека имате паничен напад и најважното од се, како да се справите со истите?

1. Дишете длабоко

Додека хипервентилацијата е симптом на напади на паника кои можат да го зголемат стравот, длабокото дишење може да ги намали симптомите на паника за време на нападот.
Ако сте во можност да го контролирате дишењето, помалку е веројатно да почувствувате хипервентилација која може да предизвика други симптоми – и самиот паничен напад – полош.
Фокусирајте се на длабоки вдишувања и издишувања низ устата, концентрирајќи се на чувството дека воздухот полека ги исполнува градите и стомакот, а потоа полека ги остава. Дишете длабоко 4 секунди, држете за една секунда, а потоа издишувајте 4 секунди.

2.Препознајте го паничниот напад


Со препознавањето дека имате напад на паника наместо срцев удар, можете да се потсетите дека ова е привремено, ќе помине и дека сте во ред.
Тргнете го стравот дека можеби умирате или дека ова ви се последните секунди на земјата. Едуцирајте се за вистинските симптоми на срцев удар и со тоа ви се овозможува да се фокусирате на други техники за да ги намалите симптомите.

Прочитајте и...  Различните емоции се чувствуваат во различни делови на телото

3.Затворете ги очите


Некои панични напади доаѓаат од предизвикувачи кои ве совладуваат. Ако сте во брза околина со многу стимулации, ова може да го нахрани вашиот паничен напад.
За да ги намалите дразбите, затворете ги очите за време на нападот на паника. Ова може да ги блокира сите дополнителни стимулуси и да го олесни фокусирањето на вашето дишење.

4.Повторувајте некоја мантра во себеси


Повторувањето на мантра внатрешно може да биде релаксирачко и смирувачко, и може да ви даде нешто на што ќе се наклоните за време на паничен напад.
Без разлика дали тоа е едноставно “Ова исто така ќе помине”, или мантра која зборува за вас лично, повторувајте го непрестано во вашата глава, додека не почувствувате дека паничниот напад почнува да престанува.

5.Најдете објект на кој ќе се концентрирате


Некои луѓе сметаат дека е корисно да најдат единствен предмет за да го фокусираат своето внимание за време на паничниот напад. Изберете еден објект во чист поглед и свесно забележете сè за него.
На пример, забележете во каква боја е часовникот, на кој начин се движат стрелките, во која боја се стрелките и сл. и сите овие детали опишувајте си ги на себеси.
Фокусирајте ја целата ваша енергија на овој објект, и симптомите на паника ќе престанат.

Прочитајте и...  5 Психолошки трикови кои ќе ви помогнат полесно да ги прочитате луѓето околу вас

6.Истуширајте се со топла вода

Додека водата тече по вас, визуелизирајте како вашите проблеми ги носи со неа и ви ги мие мислите, дозволете и на топлината да ве смири и дозволете си да се чувствувате безбедно. Чувството да се биде чист е, исто така, намалување на анксиозноста, така што целиот процес може да ја намали секоја паника.

7. Излезете на свеж воздух


Ако останувате внатре по сопствен избор, барем отворете го прозорецот и пуштете го воздухот да струи низ вашиот дом. Со неправилното дишење може да предизвикате паника, а седењето во застоена куќа може да го стори токму тоа.

8. Чувајте лаванда при рака

Лавандата е позната по смирување и олеснување на стресот. Тоа може да ви помогне вашето тело да се релаксира. Ако знаете дека сте подложни на панични напади, чувајте есенцијално масло од лаванда при рака и ставете на вашите зглобови кога ќе почувствувате паничен напад. Вдишете го мирисот.
Можете исто така да се обидете да пиете лаванда или чај од камилица. И двете се релаксанти.

Прочитајте и...  Трауматски искуства и депресија/анксиозност- која е врската?

9.Дремнете

Можби звучи контраинтуитивно кога адреналин тече низ вас, но анксиозноста е исцрпувачка. Давајќи си себеси шанса да спиете, дури и ако тоа трае дваесет минути, може да ве направи да се чувствувате поживо и да ја намали вашата нервоза.

10. Дозволете си себеси да се чувствувате анксиозно

Ако знаете дека понекогаш понекогаш чувствувате нервоза, а вие се трудите со тоа да се справите, следниот пат кога ќе го почувствувате тоа во вашето тело, потсетете се дека ова е она што се случува и дека не мора да дејствувате на него. Кажете си дека ќе бидете во ред, и наскоро ќе се чувствувате подобро.

-Благица Дамевска

Најпопуларно


To Top